Општина Крива Паланка добитник на наградата  „Глобал Локал“

Општина Крива Паланка е добитник на наградата  „Глобал Локал“, како една од седумте најуспешни локални заeдници во 2020 година во Средна и Југоисточна Европа.

Наградата се доделува на заедници и институции за креирање на добар амбиент и развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа, а ја  доделува Меѓународниот економски форум „Перспективи“ со седиште во Дубровник и независниот меѓународен комитет „Промо Глобал” кој го сочинуваат експерти од областите економија, маркетинг, менаџмент, финансии, социологија, претприемништво, право, архитектура, екологија, локален и регионален развој.

Наградата „Глобал Локал“ на најдобрите локални самоуправи во креирањето на добар амбиент во претприемништвото им се доделува на  успешните локални заедници кои со оригиналните решенија и креативни мерки значајно го унапредиле амбиентот за брз и одржлив развој на претприемништвото како темел на развојот на локалната заедница и нејзините граѓани.

Наградата на досегашниот градоначалник Мицевски му беше врачена од страна на директорот на „Промо Глобал“,  Гордана Ковачевиќ и од потпретседателот на управниот одбор Синиша Жариќ.

Големина на фонт
Контраст