Потпишан Меморандум за соработка за спроведување на проект за инклузија на Ромите

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“-Скопје, Елвис Шаќири, потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на проект на УСАИД за инклузија на Ромите.

Предмет на овој Меморандум е соработка при спроведување на активности предвидени со проектот за инклузија на Ромите, финансиски подржан од УСАИД, со цел да се даде придонес кон унапредување на положбата на ромската заедница и инклузија на Ромите на локално ниво.

Како составен дел од овој меморандум е подобрување на целокупната инфраструктурата во населбата Единство, подобрување на образованието на децата кое ке биде помогнато со ангажирање на ментори како и отворање на локална канцеларија за Ромите.

 

 

Големина на фонт
Контраст