Општина Крива Паланка се вклучи во проектот „ReLOaD 2“

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска го потпиша договорот за вклучување на Општина Крива Паланка во проектот „ReLOaD 2“ на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), кој ќе се имплементира во следните три години односно до 2024 година.

Проектот е финансиран од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува  во Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија. Вкупната вредност на проектот е 13 милиони евра, а вредноста на компонентата од проектот за Северна Македонија е 1,24 милиони евра.

Општина Крива Паланка е една од неколкуте општини  кои ќе добијта финансиска поддршка за зајакнување на граѓанското учество со имплементирање на  активности и проекти кои се од интерес на локалната заедница, младите и  транспарентното работење.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст