Положено свежо цвеќе во чест на Денот на независноста

Во чест на 8 Септември, Денот нa независноста на Република Северна Македонија, делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци пред зградата на Општината.

Цвеќе положија и делегација на Советот на општината, предводена од претседателката Изабела Павловска, делегации од локалните институции,  политичките партии и останати граѓани.

Големина на фонт
Контраст