Добредојде за првачињата во новата учебна година

Започна учебната 2021/2022 година во двете основни и едно средно училиште во Крива Паланка.  За прв пат училишното ѕвоно означи почеток на образованието и за 147 првачиња. Тие денеска се запознаа со нивните наставници и новите другарчиња со кои ќе го делат знаењето во наредните девет години.

Првачињата свечено беа пречекани од страна на вработените во училиштата, беа поздравени од директорите на училиштата, а големо Среќно добредојде им посака и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, кој за среќен почеток на првачињаета им поради училишен прибор.

Големина на фонт
Контраст