Заврши забавната спортска манифестација „Open fun football schools 2021”

На градскиот стадион во Крива Паланка, во периодот од 23-27 август се реализираше забавната спортска манифестација „Open fun football schools 2021” на која  учествуваа 200 дечиња на возраст од 6 до 11 години.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски на затворањето на манифестацијата се заблагодари на сите асистенти, тренери, учесници, како и на координаторот на „Open fun football schools 2021”  за РС Македонија, Цено Александровски.

– Во изминатиот период Општината инвестираше многу во развојот на спортот, а особено во спортската инфраструктура, затоа како општина и како спортски клубови и поедници од Крива Паланка имаме постигнато одлични резултати, што зборува дека сите заедно сме на добар пат и сите заедно ќе продолжиме да го унапредуваме спортот и да го негуваме и градиме спортскиот дух на градот, изјави градоначалникот Мицевски.

Летна школа за фудбал „Open fun football schools ”,  е концепт на отворени забавни фудбалски школи, преку кој дечињата од најрана возраст имаат можност да го засакаат спортот и да научат низ игра и забава да се дружат и да настапуваат тимски, водени од идејата за еднаквост и фер игра, што во животот ќе им овозможи правилен начин на дејствување и размислување.

 

Големина на фонт
Контраст