Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо во работна посета на Општина Крива Паланка

На покана од градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски денес во посета на Крива Паланка беше амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, неговата екселенција Џанг Ѕуо.

Градоначалникот Мицевски го запозна амбасадорот Џанг Ѕуо со работењето на општината, знаменитостите, потенцијалите за инвестирање и бизнис-климата, за реализираните и тековни проекти во делот на комуналната и патна инфраструктура, за образованието и детската заштита, како и за културата и заштитата на животната средина.

-Задоволство ми е што амбасадорот Ѕуо е денес наш гостин во Крива Паланка. На средбата заклучивме дека како локални заедници и како држави имаме огромен простор за соработка пред сè на полето на културната размена, спортот и други дејности. Соработката која мора да ја интензивираме, а за која пројавија интерес е производство на соларна енергија и фотоволтаици. Она што ме радува е што неговата екселенција амбасадорот Ѕуо веќе ја прифати и поканата да биде наш гостин на празникот на градот,  кога ќе дадеме поголем импулс на она што значи продлабочување на соработката, изјави градоначалникот Мицевски.

Амбасадорот Ѕуо се заблагодари на градоначалникот за поканата во, како што рече, ова прекрасно место, богато со раскошна природа и култура.

-Мислам дека постојат големи можности и потенцијал за соработка помеѓу Кина и РС Македонија, како и помеѓу Крива Паланка и Кина. Имате повеќе области, според она што го кажа градоначаникот, како карате и пинг-понгот во кои може да се прошири соработката, а имате и бројни потенцијали за културна размена и соработка на полето на образованието, со акцент на релацијата со д-р Фросина којашто работи во Вухан, Кина. Крива Паланка имала значајна улога во патот на свилата, што е добра основа за соработка, а бидејќи од Крива Паланка се извезуваат продукти во Кина сето тоа се можности извозот и размената на стоки да продолжат, но и да се продлабочи таа соработка, рече амбасадорот Ѕуо.

Освен соработка на поле на култура, спорт и образование, беше истакнато и дека може да се соработува во областа на инвестиции во индустриски капацитети во агрикултурата, земјоделството и минералната индустрија.

-Би сакал да ја презентирам и промовирам Крива Паланка на локалните влади во Кина и на моите соработници и пријатели, да дојдат и да ја посетат, и сигурен сум дека со препорака ќе има бројни Кинески туристи во вашиот град кога ќе се стабилизира состојбата со Ковид-19 пандемијата. Би нагалсил и дека во оваа пандемија Република Кина и РС Македонија ја потврдија соработката и на полето на медицината, бидејќи на три пати Кина испорача вакцини во вашата земја, дел донација, дел купени. На крај, би се заблагодарил уште еднаш за поканата на градоначалникот во овој прекрасен град и планирам и во иднина да се вклучам во дел од активностите што овде се случуваат, а би им прпеорачакл на сите мои колеги да го посетат градот, да го посетат манастирот св.Јоаким Осоговски и да уживаат во вкусната храна, додаде амбасадорот Ѕуо.


Во рамки на агендата, амбасадорот ги посети и ЛУ Градски музеј и манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ каде имаше можност да се запознае со културно-историското наследство, традицијата и убавините на градот.

Средбата со кинескиот  амбасадор Џанг Ѕуо беше заокружена со идеи и подадена рака за нови пријателства и соработки, а се во насока на подобрување на условите и квалитетот на живот на жителите на општина Крива Паланка.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст