Отпочнати активностите за изградба на пешачка патека кон локалитетот „Станечки Водопади“ 

Денеска во просториите на Oпштина Крива Паланка беше одржан состанок за воведување во работа на екомоскиот оператор МАЉОКУ ДООЕЛ, изведувач на градежните работи за изградба на пешачка патека до локалитетот „Станечки Водопади“ на Козја Река во Крива Паланка.

Изградбата на патеката ќе се одвива во две фази, од училиштето во с.Станци до водопадите на Козја Река познати како Станечки Водопади, каде што е предвидено и соодветно уредување на просторот и втора фаза која што опфаќа уредување на патеката од  Станечки Водопади до локалитет Ловечка куќичка. Вкупната должина на патеката е околу 4300 метри.

Изградбата на патеката е финансирана во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Република Северна Македонија и Србија, во рамки на проектот „Да ги поврземе бисерите“ кој што Општина Крива Паланка го имплементира во партнерство со  Лесковац и Центарот за  развој на пчињскиот и јабланичкиот регион на Србија.

Освен изградбата на пешачката патека во рамки на истоимениот проект ќе биде организиран „Зелен викенд“, настан од спортски карактер како и останати активности за развој на туризмот во прекуграничниот регион.

 

Големина на фонт
Контраст