Интервју на градоначалникот Мицeвски за ММС (Македонски Медиа Сервис)

Крива Паланка останува единствена по својата позиција, на град кој ја спојува Македонија со соседните Србија и Бугарија, како град меѓу два главни града и два аеродроми. Шопинг туризмот на соседите од Бугарија се намали во оваа година и пол од пандемијата, но го зголеми бројот на домашните туристи  на Осоговските Планини, кои станаа заштитено подрачје од петта категорија.
Железницата како поврзување од Коридорот 8 и експресниот пат Скопје – Крива Паланка, се очекува да и дадат нов импулс на општината и локалниот економски развој. Проектот, кој чини 500 милиони евра, токму кај Крива Паланка до граничнот премин ја има најтешката делница. Експресниот пат од Скопје е исто така долгоочекуван проект, со кој патувањето до главниот град ќе го скрати на 50-тина минути.
Но, во меѓувреме, додека овие проекти се реализираат, локалната власт го „подготвува теренот“ со осовременување на патната и останата инфраструктура. Градоначалникот Борјанчо Мицевски, во последните месеци од неговиот мандат, во инервју за ММС, ги сумира разултатите од работењето.

Големина на фонт
Контраст