Крива Паланка и Лесковац заеднички работат на промоција на природното и културното наследство

Делегација од Општина Крива Паланка, вчера оствари работна посета на Лесковац, Р. Србија, во рамки на проектот „Да ги поврземе бисерите“, кој го имплементираат општините во партнерство со  Центарот за развој на Пчињско – Јабланичкиот регион од Србија.

Градоначалникот Мицевски и градоначалникот на град Лесковац д-р Горан Цветановиќ, одржаа работен состанок со соработниците, на кој се разговараше за деталите и целите на проектот кој ги промовира културните и природните ресурси во насока на креирање на заеднички одржлив туристички производ.

Инвестицискиот дел на проектот во Општина Крива Паланка предвидува изградба на пешачка патека од училиштето во с.Станци кон локалитетот Станечки Водопади се до локалитетот Ловечка куќа. Вкупната должина на патеката е околку 4.300 метри, при што долж истата, проектот предвидува поставување на урбана опрема, клупи и места за одмор, корпи за отпадоци, платформа за набљудување на водопадот, како и други содржини кои ќе го збогатат  амбиентот.

Во тек е постапката за прибирање на понуди, по што по изборот на изведувачот,  се очекува во најскоро време да започнат градежните активности за уредување на овој значен локалитет со голем туристички потенцијал за општината.

 

Големина на фонт
Контраст