Вицепремиерот Љупчо Николовски во посета на Општина Крива Паланка

Денес во официјална посета на Општина Крива Паланка е вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

Вицепремиерот Николовски и градоначалникот Мицевски  разговараа за чекорите и начините за борба против корупцијата. Општина Крива Паланка е една од првите општини која усвои официјален документ Политика на интегритет кој е доставен до ДКСК, а од неодамна усвои и Акционен план и програма за борба против корупцијата. Заеднички беше заклучокот дека корупциjата го ослабнува секој систем, без разлика на кое ниво се случува и дека мора заеднички со конкретни мерки да се справиме со сите чинители.

Во рамки на посетата вицепремиерот Николовски го врачи анексот на  договорот за финансирање на дополнителните  градежни активности за реконструкција на градскиот плоштад во висина од 6.000.000 денари, обезбедени преку Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“.

Посетата беше искористена да се направи обиколка и на спортската сала во ООУ Илинден која се реконструира по повеќе од 40 години и да се сретне со кошаркарките на ЖКК „Крива Паланка“ кои оваа година го постигнаа историскиот успех во женската кошаркарска историја пласирајќи се меѓу четирите најдобри во женската Супер лига.

 

Големина на фонт
Контраст