ЈП „Комуналец” доби нови 192 контејнери

Во рамки на проектот за регионално управување со смет, Општина Крива Паланка за потребите на ЈП „Комуналец“  доби 192 метални контејнери со зафатнина од 1,1 кубен метар . Со овие садови е планирано да се покријат сите градски и приградски населби, а дел од нив ќе бидат распоредени и долж коридорот 8.

Со обновата на возниот парк минатата и оваа година се очекува значително да се подобри состојбата со управување со комуналниот смет во општината. Во тек се подготовки за  рекултивација и затворање на депонијата во с.Конопница, а собраниот комунален отпад ќе се  транспортира во регионалниот собирен центар во Свети Николе.

Средствата за проектот за регионално управување со отпад се обезбедени од фондовите на Европската Унија.

Големина на фонт
Контраст