Општина Крива Паланка доби 4,1 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура

Со 4.125.460 денари, кои Општина Крива Паланка  ги доби преку програмата за рамномерен регионален развој ќе се реконструира и уредува внатрешноста на НУ Центар за култура. Средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, за финансирање на проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој,  а договорот денеска го потпиша градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Проектот „Санација, поправка и опремување на НУ Центар за култура“ опфаќа активности за санација и опремување на кино салата, галерискиот простор, гардеробите и тоалетите, и поставување на нов систем за осветлување. Во рамки на проектот ќе биде вграден нов плафон како и нов систем за греење и ладење, со што значително ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот.

Ова е прва поголема реконструкција на објектот кој е единствен од таков тип во општината.

 

Големина на фонт
Контраст