Изјава на градоначалникот Мицевски: Започнува изградбата на улица Вршачка

Почитувани,

Општина Крива Паланка во изминатите неколку години во континуитет работи на подобрување на локалната патна, канализациона, водоводна и останата инфраструктура. Градежната офанзива која трае во изминатите неколку години, со несмалено темпо продолжува и во следниот период. Изградбата на нови улици, патни правци, спортски терени, водоводи, канализациони системи, регулации, тротоари, нови објекти, градски парк, плоштад се само дел од нашето секојдневие.

Денеска сме тука во насeлбата „Долно Грамаѓе“ да го најавиме отпочнувањето на изградбата на улица „Вршачка“. Имено во текот на вчерашниот ден во Клубот на пратеници во Скопје во присуство на премиерот на Владата Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, беше потпишан договорот во склоп на ТАВ програмата за реализација на првите 23 проекти со вкупна вредност од 9.9 милиони евра.

Еден од тие проекти е и овој за изградба на улица „Вршачка“, со кој го решаваме долгогодишниот проблем на граѓаните на Крива Паланка и поконкретно жителите на оваа насалба. Проценетата вредност само на овој проект е околу 10.000.000 денари, а подготвките за отпочнување на градежните активности се веќе во тек и се очекува да започнат во најскоро време.

Во исто време најавувам дека во текот на месец јули ќе следат уште два договори и тоа за изградба на крак 2 и крак 4 во населба  „Мизовски Ливади“  и дел од пат во населба „Чивлк“ во с.Конопница.

Со тоа потврдуваме дека навистина и посветено работиме на подобрување на локалната урбана и рурална инфраструктура и подобрување на условите за живот на локално ниво. Продолжуваме да вложуваме во трајни добра, бидејќи изградбата на локалната инфраструктура е за подобар животот на граѓаните, за нови вработувања, локален економски развој.

Сакам да упатам јавна благодарност до Владата која несебично и со висок степен на одговорност го потпомага регионалниот развој во североистокот, кој со години наназад важеше за најнеразвиен.

Продолжуваме и во следниот период со многу нови активности за подобрување на урбаниот лик на нашата Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст