Потпишан договор за изградба на улица Вршачка како дел од ТАВ-програмата

Денес во Клубот на пратеници градоначалникот Борјанчо Мицевски го потпиша договорот за изградба на улица Вршачка во населбата Долно Грамаѓе, како дел од ТАВ-програмата за подобрување на инфраструктурата во општините.

Во првата фаза потпишани се догвори за инфраструктурни проекти во 23 општини со вредност од  9,9 милиони евра.

На настанот се обратија премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер.

По официјалните обраќања на Заев и Шенер, договорите на градоначалниците им ги доделија вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и генералниот директор на ТАВ Македонијa, Метин Батак.

 

Големина на фонт
Контраст