Продолжува соработката на Крива Паланка и Вршац

Градоначалникот Борјанчо Мицевски е во посета на Вршац, Република Србија, каде оствари работна средба со претседателот на совет, г. Предраг Мијатовиќ.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете општини, која во изминатиот период, поради пандемијата со ковид 19, беше во застој. Договорени се заеднички активности во областа на културата, младите, образованието, екологијата како и активности за продлабочување на соработката со Здружението на Македонци во Вршац.

Општина Крива Паланка и Вршац се збратимени градови и досега успешно соработуваат пред се во областа на културата и младите.

 

 

Големина на фонт
Контраст