Општина Крива Паланка на високата 3-та позиција според индексот на активна транспарентност

Активната транспарентност на Општина Крива Паланка во 2021 година изнесува 95,7 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на високата 3-та позиција од вкупно 98 рангирани институции.

Крива Паланка веќе втора година се наоѓа во најдобрата група институции со многу добра активна транспарентност и e на првото место во Североисточниот плански регион.

Ова се резултати од истражувањето кое го спроведува Центарот за граѓански комуникации,  а годинава резултатите за активната транспарентност се претставена на специјално изработената веб страница www.aktivnatransparentnost.mk со преглед на сите опфатени институции.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамки на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Големина на фонт
Контраст