Одржана 18-тата седница на Заедничкиот консултативен комитет на РС Македонија и Комитетот на региони на ЕУ со која копретседаваше градоначалникот Мицевски

Денес се одржа 18-тата седница на Заедничкиот консултативен комитет на РС Македонија и Комитетот на региони на ЕУ со којa претседаваа градоначалникот Мицевски и Јасна Габрич, градоначалник на општина Трбовље.

На седницата збор зедоа претседателот на Заедницата на единици на локална самоуправа на Република Северна Македонија и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, Дејвид Кален од Директоратот за соседска политика и проширување од Европската Комисија, амбасадорката Агнеза Руси Поповска, од Постојаната мисија на нашата земја при Европската Унија и известувачот на Комитетот на региони за Пакетот за проширување 2020 година, Никола Доброславиќ, префект на округот Дубровник-Неретва.

Покрај усвојувањето на Работната програма на ЗКК за РС Македонија за 2021-2025 година се зборуваше и за можностите и начините за закрепнување после пандемијата од ковид 19, за можностите за вклучување на нашите општини во финансиските програми на ЕУ, а се разменија и најдобри практики од локалните самоуправи во делот на  локалното управување.

Големина на фонт
Контраст