Во Крива Паланка доделени признание за најуспешен просветен работник и признанија за ученик на генерацијата во учебната 2020/21

По повод Денот на сесловенските просветители браќата Св. Кирил и Методиј, денес во општина Крива Паланка се оддржа манифестација на која беа доделени признание за најуспешен просветен работник во основно и средно образование во учебна 2020/2021 година, како и признанијата за најуспешни ученици во општинските образовни институции.

Признание за најуспешен предметен наставник во основно и средно образование во учебна 2020/2021 година и беше доделено на Снежана Златковска, наставник по  математика од ООУ„Илинден“.

Признание за најдобар ученик за 2020/21 година им беа доделени на учениците: Теодора Митковска, ученик од деветто одделение од ООУ„ Илинден“, Сара Стефановска, ученик од деветто одделение од ООУ „Јоаким Крчовски“ и Глорија Стојковска, ученик од четврта година во СОУ „Ѓорче Петров“.

– Признанијата што денес ги добија најдобрите и најуспешните во образовните институции се најубав можен начин на чествување на Денот на сесловенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј, кој деновиве, со низа  настани се одбележува во општина Крива Паланка, а оваа манифестација нека биде мотив за понатамошни успеси и просперитет и поттик за ваши уште поголеми резултати. Кога некој работи посветено и макотрпно резултатите, признијата и вреднувањето неизостануваат, истакна градоначалникот Мицевски во своето обраќање.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст