Во Крива Паланка одбележан Денот на пожарникарите

По повод 20 Mај, Денот на пожарникарите, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, заедно со наставниците и директорот на ОУ „Јоаким Крчовски“ ја посетија Територијалната противпожарна единица-Крива Паланка.

По тој повод припадниците на ТППЕ Крива Паланка организираа интересен едукативен настан  на кој учениците подетално и директно се запознаа со професијата пожарникар, како и со предизвиците, одговорноста и хуманиот аспект на оваа професија.

Со цел да им се приближи работата на противпожарната единица, како и на самата професија пожарникар, пред учениците беше изведена презентација и демонстрација на противпожарната опрема, униформите и возилата.

Градоначалникот Мицевски им се заблагодари на пожарникарите за сето она што го имаат направено за да ги заштитат своите сограѓани и природните добра и во оваа пригода ги потенцираше и преземените активности на Општина Крива Паланка во изминатиот период со кои ТППЕ се комплетиташе, како кадровски така и материјално-технички.

Во рамки на оддбележувањето на Денот на пожарникарите, ТППЕ Крива Паланка во соработка со ОО Црвен крст организираше и крводарителска акција, која се рализира традиционално неколку години по ред.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст