Градоначалникот  Mицевски ги поздрави кривопалнечките матуранти

Вкупно 148 матуранти, ученици во завршните години во гимназијата „Ѓорче Петров“, Крива Паланка во учебната 2020/2021 денес и официјално го завршија средното образование во пет гимназиски паралелки  од општествено-хуманистичко подрачје, јазично-уметничко и прородно математично подрачје како и во стручните паралелки за електротехничка, машинска и туристичко-угостителска струка.

По тој повод градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски,  ги посети матурантите од  Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ и  им посака многу здравје, среќа и успех во понатамошниот живот.

– Пандемијата на Ковид 19 во голема мера го смени традиционалниот начин на одбележување на овој значаен ден за матурантите, но ништо неможе да го намали фактот дека и покрај се, вие сте нашата младост, енергија, украс и иднина на општеството и локалната заедница. Затоа посакувам вашата генерација да биде носител на идниот развој, зошто вие ја имате моќта да го менувате светот и да го направите поубаво место за живеење. Бидете гордост на вашите родители, на вашите семејства и на целото општество,  истакна градоначалникот Мицевски во своето обраќање кон матурантите.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст