Средба на градоначалникот Мицевски со директорите на воспитно-образовните институции: Подготовки за новата учебна година

Денес во просториите на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка,  градоначалникот Борјанчо Мицевски  заедно со претставници на општинската администрација одржа работна средба со директорите на воспитно-образовните институции од општината.

На средбата се разговараше за досегашните и идни активности, состојбата со пандемијата во образованието, обука на наставниот кадар за ученици од прво и четврто одделение, уписот за првачиња во периодот кој следи, ребаланс на средства од блок дотации, прогласување на наставник во одделенска настава и наставник во предметна настава  и ученици на генарации по повод 24 Мај, како и за верификација на  условите за образовниот профил медицинска сестра од здравствена струка и образовниот профил угостителски техничар од угостителско туристичка струка и подготовките на средното училиштето за опремување на кабинети од истите профили и реконструкција на спортската сала и спортското игралиште.

Вакви средби ќе продолжат и во иднина, со цел подобрување на условите во образованието.

Големина на фонт
Контраст