Населба „Бурови Бавчи“ ќе добие систем за отпадни води

Во изминатите неколку години Општина Крива Паланка посветено работи на заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на живеење и урбаниот изглед на градот. При крајот на претходната година и во почетокот на  2021 година се преземаат интензивни активности за изградба на фекална канализациона мрежа во неколку приградски населби.

Со средства добиени од Владата на РС Македонија со ребалансот на буџетот за 2020 година, а менаџирани од Министерството за транспорт и врски, на општината и се доделени околу 6.000.000 денари, кои ќе бидат искористени за изградба на фекални колектори во нас. Бурови Бавчи и нас. Бојанов Дол. Изведувач на работите е фирмата „Лабино Трејд“ од Гостивар и истите се очекува да бидат завршени до јуни оваа година, со што ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на овие две населби.

Општина Крива Паланка подготвува соодветна техничка документација за претстојниот јавен повик од МЖСПП за третман на отпадни води и изградба на пречистителни станици, со што целосно и трајно ќе се реши овој проблем во урбаниот дел на градот.

Големина на фонт
Контраст