Градоначалникот Мицевски оствари средба со Стефани Симонова, светски шамион во BRAINOBRAIN – вештини

Градоначалникот Борјанчо Мицевски денес имаше средба со добитничката на 1-вото место на шестиот Меѓународен натпревар во BRAINOBRAIN вештини, Стефани Симоновa, ученичка од ООУ Јоаким Крчовски од Крива Паланка.

Меѓународниот BRAINOBRAIN натпревар секоја година се организира во Дубаи и се одвива во рамките на BRAINOBRAIN програмата за интелектуални вештини и способности. На  натпреварот учествувале 25 000 ученици од 45 земји во светот кои биле расподелени по возраст и ниво.

BRAINOBRAIN е една од најдобрите иновативни програми во светот посветена на целокупниот развој на личноста, а преку изучувањето на оваа програма се доаѓа до здобивање на високи интелентуални и животни вештини и способности. Целта на изучувањето на оваа програма е зголемување на: концентрација, решителност, меморија, визуелизација, математички вештини, брзина и точност, дисциплина и трпение, креативност, лидерство, како и зголемен капацитет за учење и поголема самодоверба, а преку користењето на Абакус менталната аритметика, ВАК метода, како и техниките и методите на Неуро Лингвистичко Програмирање-НЛП.

BRAINOBRAIN програмата започна да се реализира уште пред 16 години во поразвиените земји во светот,  а во 2014  година за прв пат е воведена и во училиштето BRAINOBRAIN – Крива Паланка, во склоп на Едукативниот центар „СИГМА“.  Стефани беше дел од првите генерации во Крива Паланка, кои целосно ја завршија програмата, под менторство на тренер Сашка Пешовска и франшизер професор Сашка Младеновска.

Стефани Симонова е редок пример за талент во повеќе области, како што се спортот, музиката и изучувањето на странски јазици. Исто така, таа зема учество во повеќе Erasmus+ проекти, а проектот „Little responsible citizens are reshaping their future“, ќе го носи нејзиното лого кое е победничко во неколкуте земји натпреварувачки.

Големина на фонт
Контраст