Општина Крива Паланка со активности за подобрување на условите за најмладите и со поддршка на ранливите категории на граѓани

Општина Крива Паланка продолжува со активностите за подобрување на условите за престој на дечињата во детската градинка како и со поддршката и помошта на ранливите категории на граѓани.

Со забрзано темпо продолжуваат инвестициите за надградба и проширување на капацитетите на објектот на детската градинка „Детелинка“.  Според планираната динамика, до крајот на мај оваа година треба да се заврши со надградбата на кат на постоечкиот објект во централното грдаско подрачје, со што ќе се зголеми капацитетот за околу 100 нови корисници. Подобрувањето на условите за престој на децата во предучилишните институции е еден од приоритетите во работата на локалната самоуправа.

Напоредно на тоа, преку проектот на МТСП „Одговорни институции-задоволни граѓани“, во тек е огласот за пријавување и избор на 20 негователи кои ќе понудат услуга на 40 самечки, изнемоштени и стари лица и домаќинства. Покрај воспоставената услуга, негователите ќе добијат лиценца која е признаена и верификувана, а активноста треба да се одвива во следните 18 месеци.

Со тоа продолжуваат заложбите и грижата на Општина Крива Паланка, и во услови на пандемија, да се подобрат условите за сите категории на граѓани и различнитe целни групи на локално ниво.

Големина на фонт
Контраст