Потпишан договор за уредување на локалитетот Станечки Водопади

Локалитетот Станечки Водопади, еден од туристичките потенцијали на општина Крива Паланка, ќе се уредува во рамки  на проектот со симболичен наслов „Connecting Pearl – Да ги поврземи бисерите“. Проектот е  аплициран во рамки на Програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Србија и Република Северна Македонија, и се реализира во партнерство помеѓу Општина Крива Паланка и Град Лесковац од Србија како и Центарот за развој на Пчињско – Јабланичкиот регион од Србија.

Инвестицискиот дел предвидува изградба на пешачка патека од училиштето во с.Станци кон локалитетот Станечки Водопади се до локалитетот Ловечка куќа. Вкупната должина на патеката е околку 4.300 метри, при што долж истата, проектот предвидува поставување на урбана опрема, клупи и места за одмор, корпи за отпадоци, платформа за набљудување на водопадот, како и други содржини кои ќе го збогатат  амбиентот.

Проектот исто така предвидува одржување на тридневен  настан „Зелен викенд“ во Крива Паланка како и имплементација на иновативни решенија кои што ќе придонесат за подобра промоција на туристичките потенцијали на прекуграничниот регион.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 236.000 евра од кои половината се наменети за реализација на активностите во Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст