Министерот Оливер Спасовски во посета на ОВР Крива Паланка

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во придружба на вицепремиерот Љупчо Николовски,  заменик директорот на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани и градоначалникот Борјанчо Мицевски, денес на првиот ден во Новата 2021 година, остварија официјална пoсета на ОВР Крива Паланка.

При посетата, министерот се информираше за јавниот ред и мир и безбедноста за време на новогодишната ноќ. Посетата беше искористена да се направи обиколка на завршените работни активности за реконструкција на фасадата и внатрешноста на објектот на ОВР Крива Паланка, кој се реновира по цели 30 години.Вредноста на инвестицијата е околу 9.000.000 денари.

Во оваа прилика делегациите положија свежо цвеќе на споменикот на паднатите припадници на МВР од Крива Паланка во конфликтот во 2001 година.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст