Новогодишно обраќање на градоначалникот Мицевски

На денешната  46-та седница на Советот на Општина Крива Паланка, градоначалникот Борјанчо Мицевски го имаше своето годишно обраќање пред советниците.

Се наоѓаме на крајот на оваа 2020 година, која пред се ќе ја паметиме по предизвикот во борбата со пандемијата од КОВИД -19. Повеќе од било кога си посакувавме да бидеме победници во оваа битка со која се соочуваме не само ние, туку и целиот свет. Во таа насока моето обраќање го започнувам токму со желбите за добро здравје, позитивна енергија и оптимизам во секојдневното извршување на деловните и на приватните обврски. Како општина и институција не останавме имуни на овие случувања, но сепак може да кажам дека вложуваме максимум во менаџирање со состојбите. Во таа насока изразувам особена благодарност до сите здравствени работници, помошен персонал, волонтери на Црвен Крст, претставници на останати здруженија и компании кои покажаа општествена одговорност и се вклучија активно во надминување на состојбите. Предизвикот е се уште активен и од нас бара максимална одговорност, дисциплина и посветеност во нашето секојдневно делување и во следниот период, истакна градоначалникот Мицевски на почетокот од своето обраќање.

 

НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИЦЕВСКИ

Во своето обраќање тој  упати честитка до граѓаните по повод претстојните Новогодишни и Божиќни празници.

Почитувани присутни, мои ценети сограѓани!

Крајот на годината е време кога се прават планови за следната. Во едни вакви услови на светска пандемија со Ковид 19, јас уште еднаш ќе ви посакам на сите Вас пред се добро здравје, позитивна мисла, многу оптимизам и животна енергија. Ако го имаме ова, резултатите ќе си дојдат сами по себе, ако сме водени од идејата и нашата заедничка цел за модерна, перспективна и современа Крива Паланка.

Длабоко во себе верувам и убеден сум дека само заеднички, трпеливо, мудро, но и со сопствена дисциплина, пожртвуваност, упорност и многу одрекувања ќе излеземе како победници и од оваа состојба. Да празнуваме одговорно со почитување на сите мерки и протоколи, во кругот на семејството и најблиските, затоа што тоа се и основните вредности кои не прават среќни и исполнети.

Велат дека нашиот надворешен свет е рефлексија на внатрешниот. Токму затоа вашиот духовен мир нека направи пријатно опкружување, а вашите позитивни намери го направат вашиот живот уште поубав. Примете ги моите најискрени желби по повод Новогодишните и Божиќните празници, и сите заедно да се радуваме на убавите мигови во Новата 2021.

НЕКА ВИ СЕ ЧЕСТИТИ НОВОГОДИШНИТЕ ПРАЗНИЦИ И СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА, ДА СМЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ!

 

Големина на фонт
Контраст