Нов информативен портал на Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка продолжува континуирано да ја зголемува својата достапност, транспарентност  и да ги доближува услугите до граѓаните.

Од неодамна со донација на ОБСЕ, Општината постави информативен портал на влезот на општинската зграда. Освен основните сервисни информации, услугите кои се нудат, процедури, новости, најави и тековни настани, од сега натаму ќе се врши  и директен пренос на седниците на Совет. Со ова, освен на официјалната веб страна, јавноста ќе може тековно и правовремено да биде информирана за сите одлуки кои ги носи Советот.

Транспарентното, отчетното и одговорното работење се приоритет на Општината, а посветеноста и континуираните  напори во таа насока се препознаени. Според индексот на активна транспарентност, Општина Крива Паланка со 89,9%  исполнетост на обврските се наоѓа на четвртто место од вкупно рангирани 98 институции или на трето место помеѓу општините и е најдобро рангирана општина во Североисточниот плански регион, а веб сајтот на општината го освои второто место во категоријата на владини/државни институции во изборот за сајт на годината на македонската дигитална маркетинг агенција Медиа солушнс.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст