Средба со претставници на Советот на млади на Општина Крива Паланка

Градоначалникот Мицевски оствари средба со претставници на Советот на млади на Општина Крива Паланка кои денеска се вклучија во акцијата за донација на новогодишни пакетчиња за корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со посебни потреби. Како младинско тело, тие активно и во континуитет иницираат и се вклучуваат во активности значајни за локалната заедница.

Во изминатиот период учествуваа во голем број на еколошки активности, уредување на локалитети за одмор, спорт и рекреација, но и во креирањето на стратешки документи и локални политики.

Градоначалникот Мицевски изрази благодарност за нивниот ангажман со желби во новата 2021 година активностите да продолжат и да се унапредат.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст