Новогодишни пакетчиња за дечињата од детската градинка „Детелинка“

Во пресрет на Новогодишните празници, градоначалникот Борјанчо Мицевски ги посети дечињата од двата објекти на градинката „Детелинка“, „Пролетна роса“ и „Виножито“, и заедно со  Дедо Мраз им подарија новогодишни пакетчиња, учествувајќи во предновогодишното радување на најмалите.

– На сите дечиња им посакувам да имаат среќно и безгрижно детство и Новата година да им донесе многу игри и детски насмевки, истакна градоначалникот Мицевски.

Големина на фонт
Контраст