Одбележан Светскиот ден на волонтерите во Крива Паланка

По повод 5 -ти декември, Светскиот ден на волонтерството, градоначалникот Борјанчо Мицевски денес додели награди и благодарници на дваесеттина волонтери од Општинската организација на Црвен крст, кои несебично се вклучија во низа на хуманитарни акции во текот на годината.

Во рамки на одбележување на овој настан, беа доделени и седум признанија на општествено одговорни фирми од општина Крива Паланка, кои за време на кризата од Ковид 19, помогнаа на голем број на семејства со нивни донации од заштитна опрема, средства за дезинфекција, средсва за хигиена и прехрабени продукти.

Градоначалникот Мицевски, упати голема благодарност и до вработените во Подрачното одделение на Центар за јавно здравје, сите здравствени работници, припадници на МВР, младински организации како и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат од подрачното одделение во Крива Паланка. Во оваа прилика, го предаде пеодниот пехар од Општина Крива Паланка на ДСЗИ, а во чест на нивната несебична спремност и професионалност во справувањето со предизвиците што ги имаме при ширењето на пандемијата од Ковид 19.

-Голема хуманост е да се одвои дел од своето слободно време и да се помогне на оние на кои им е најпотребно, а особено сега кога имаме големи предизвици со ширењето на пандемијата од Ковид 19. Затоа денес имамам особена чест и задоволство, на овие луѓе пред се со големо срце и хуманитарци, на локалните бизнисмени, на сите вработени во подрачната единица на ДСЗИ, Јавно здравје, како и на сите други лица и институци, од свое лично име, од име на сите граѓани и од име на Општина Крива Паланка, да им упатам голема благодарност за нивниот несебичен труд, залагање и волонтерски ангажман во изминатиот период, рече градоначалникот Мицевски.

Најголемата вредност не е во она што го поседуваш, туку во она што го споделуваш. За тоа не треба да имаш време, туку треба да имаш срце.

На крајот на овој настан, градоначаникот Мицевски упати повик со апел до сите поединци, организации и пред се млади да се вклучат во волонтерски акции за да се мобилизираат дополнителни волонтери во Црвениот крст, а се со цел да се помогне на оние на кои им е најпотребно, но и да се научат нови животни лекции.

Големина на фонт
Контраст