Работна средба со директoрите на воспитно – образовните институции од општината

Денес во просторите на ООУ „Јоаким Крчовски“, градоначалникот на општина Крива Паланка одржа работна средба со директoрите на воспитно – образовните институции од општината. На средбата акцент беше ставен на одвивање и организација на наставата со физичко присуство во услови на пандемија од COVID -19. При тоа се нагласи дека состојбата во моментот во сите основни училишта, детската градинка, средното училиште и ученичкиот дом е стабилна, со тоа што има само еден позитивен наставник, еден ученик од нижите одделенија кој наставата ја следи онлајн и еден воспитувач кој е во домашна изолација.

Покрај тоа на средбата се разговараше за досегашните и идните активности,  начинот на организирање на превоз на учениците кои следат настава со физичко присуство, покриеноста на наставата на учениците кои следат онлајн настава со ИТ уреди како и стимулот за аплицирање за финансирање на проекти за реконструкција на училишни објекти.

Ваквите работни средби ќе продолжат и во иднина се со цел за подобрување на условите во образованието.

 

Големина на фонт
Контраст