Промовирана Стратегијата за развој на туризмот во општина Крива Паланка

Во големата сала во Општина Крива Паланка се одржа настан за промоција на Стратегијата за развој на туризмот,  со акционен план за периодот 2020-2025.

Пред присутните гости и  учесници, кои активно беа вклучени во процесот на изработка на овој стартешки документ,  беше презентирана содржината на Стратегијата со анализа на трендовите во туризмот, профилот на туристичкиот пазар, мапирање на туристичките зони, како и визијата, мисијата, стратешките цели и акциониот план.

Во изработка на Статегијата за развој на туризмот во општина Крива Паланка,  учествуваа претставници од Општината, јавната и државната администрација, граѓански организации и бизнис секторот, а самиот процес  беше воден и насочуван од страна на Друштвото за консалтинг – ТАРГЕТ КОМУНИКАЦИ од Скопје. Проектот е финансиски поддржан преку грант од Министерството за економија.

 

 

Големина на фонт
Контраст