Во тек е изградбата на секундарна водоводна мрежа во с.Луке

Убавото време и поволните услови за работа, максимално искористени за спроведување на планираните и започнатите градежни активности. Градоначалникот Борјанчо Мицевски со претставници на општинската администрација, директорот на ЈП „Комуналец” како и претставници од фирмата изведувач на работите, направија обиколка на градежните активности за изградба на секундарната водоводна мрежа во с.Луке.

Активностите се одвиваат со предвидената динамика и се очекува истите да завршат до крајот на оваа година. Со изградбата на примарната мрежа во 2018-та  година и секундарната мрежа во оваа година, се решава долгогодишниот проблем на жителите на едно од најодалечените села во кривопаланечко. Со инвестицијата се подобрува квалитетот на живот на населението, но се креираат и услови за развој на руралниот туризам.

Средствата за проектот се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Крива Паланка во висина од 2.071.000 денари, а изведувач на работите е фирмата „Лабино Трејд“ од Гостивар.

Големина на фонт
Контраст