Премиерот Заев во посета на Крива Паланка

Реконструкцијата и проширувањето со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, граничен премин со Бугарија, се одвива со забрзано темпо. Увид во градежните работи на терен денес извршија премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Инвестицијата е во висина од над 10 милиони евра и според планот градежните активности треба да завршат до март 2022 година. Со оваа инвестиција и со изградбата на експресниот пат од Ранковце до Крива Паланка значително ќе се подобри патниот сообраќај на коридорот 8.

Претходно градоначалникот  Мицевски  заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерите Љупчо Николовски и Артан Груби и министерот за економија Крешник Бектеши присуствуваше на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернационалн фреш фуд“ за бројлерско производство во селото Гиновци. Оваа инвестиција е една од најголемите во регионот, модерна и по европски стандарди со фокус за производство на пилешко месо. Преку инвестицијата за 4-5 години се очекува производство на околу 12,5 милиони бројлери, што целосно ќе го задоволи домашниот, но и регионалниот пазар како што е КФЦ, а уште поважно во услови на пандемија ја подобрува економската состојба и креира нови работни места.

При посетата на премиерот Зоран Заев во знак на благодарност за реализација на сите проекти од локален и регионален карактер, му беше врачен примерок од Монографијата за Крива Паланка 1633-2020 година.

 

 

Големина на фонт
Контраст