Потпишан договор за развој на социјални услуги – Помош и нега на стари лица во домашни услови

Градоначалникот  Борјанчо Мицевски денеска го потпиша договорот за грант помеѓу Општина Крива Паланка и Министерство за труд и социјална политика за развој на социјални услуги од видот  – Помош и нега на стари лица во домашни услови.

Висината на грантот е 11.034.000 денари, а провајдер на услугите ќе биде ОО на Црвен Крст Крива Паланка. Услугата обезбедува помош во вршење на основни и инструментални активности од секојдневниот живот до 80 часа месечно, за лица со намален функционален капацитет кои неможат сами да се грижат за себе, со цел да продолжат да живеат во сопствениот дом и да водат независен живот во заедницата.

Услугата опфаќа 40 стари лица, кои ќе ја добиваат услугата согласно Правилникот за начинот и обемот на социјалните услуги, нормативите и стандардите за давање на социјалните услуги за помош и нега во домот. За потребите на проектот ќе бидат обучени 20 лиценцирани негователи и ќе биде набавено теренско моторно возило. Истиот ќе се реализира во период од 24 месеци.

Големина на фонт
Контраст