Проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, советник за образование и наука, во работна посета на Крива Паланка

Проф.д-р Татјана Стојаноска Иванова советник за образование и наука на премиерот на Република Северна Македонија, вчера оствари работна средба со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски и директорите на основните училишта и средното училиште во градот како и детската градинка.

На средбата се разговараше за начинот на кој се одвива наставата во услови на пандемија како и за реализираните досегашни и идни планирани активности во образованието.

Градоначалникот ја истакна досегашната добра пракса на локалната самоуправа на општината за успешно реализираните проекти во областа на образованието како и за тековните активности кои следат.

Големина на фонт
Контраст