Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Крива Паланка и Институтот за европски образовни, социо-културни и економски политики – ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје

Општина Крива Паланка и Здружението Институт за европски образовни, социо-културни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје, потпишаа меморандум за соработка и ќе соработуваат во подготовка на предлог проект, со наслов: „Културното наследство на Крива Паланка – вредностите и свеста за својата култура, наследство, традиција и богатство “.

Целта на овој проект е подигнување и развивање на свеста на децата и младите, наставниците и на локалното население за културата, културното наследство, традиција и богатство коишто ги поседува територијата на општина Крива Паланка.

Проектот предвидува организирање на циклуси, едукативни трибини, предавања и работилници од интерактивен карактер, летна школа со ученици, посета на музеи и компатибилни културно-историски знаменитости, а сето тоа ќе биде поддржано со промотивни материјали соодветни за возраста на различните целни групи, преку кои на автентичен начин ќе се афирмира целокупниот археолошки и културолошки хабитус на територијата на општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст