Обезбедени 984.693 евра за подобрување на локалната патна инфраструктура

Општина Крива Паланка ќе добие 984.693,74 евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во рамки на „Проектот за поврзување на локални патишта” кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со заем од Светска банка.

Општина Крива Паланка аплицираше за изградба на пристапен пат кон новите градски гробишта, кој е во фаза на евалуација, а ќе биде отпочната и постапка за консултација кои други патишта ќе бидат рехабилитирани во рамки на проектот.

Во тек на месец март 2020 градоначалникот Мицевски го потпишаа Меморандум за разбирање, со што Крива Паланка се вклучи во проектот кој ќе се реализира на подрачјето на општината и ќе овозможи подобра патна инфраструктура за граѓаните.

Лице за контакт: Кире Велески, советник за уредување на градежно земјиште и прибавување, комплетирање и обезбедување на техничка документација
[email protected]

Големина на фонт
Контраст