Ново современо игралиште за баскет

Во завршна фаза е изградбата на ново и современо игралиште за баскет во спортскиот терен на ученичкиот дом Боро Менков. Игралиштето зафаќа површина од околу 350 м2 и е комлетно опремено со потребната спортска и урбана опрема, соодветно осветлено со два рефлектори.

Изградбата е финансирана од Агенцијата за млади и спорт со сума од околу 3.000.000 денари.

Со изградбата на ова игралиште ќе биде задоволена потребата од квалитетен простор за спортување за учениците сместени во ученичкиот дом „Боро Менков“ како и на локалното население.

 

 

Големина на фонт
Контраст