Роберт Цветковски е добитник на Осмооктомвриско признание за промоција на Крива Паланка

Академскиот сликар, уметник, педагог, Роберт Цветковски, со тридецениско работно искуство и над 31 самостојна изложба во светот, доби Осмооктомвриско признание за особени заслуги во афирмацијата и развојот на Крива Паланка.


Роберт Цветковски  дипломирал на Факултетот за ликовна уметност Скопје во 1989 година, во класата на Ана Темкова. Работи во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка како ликовен педагог. Неговите дела се наоѓаат во приватни колекции на сите континенти. Цветковски е врвен академски сликар кој во својот творечки опус од тридецениското работење создал бројни дела претставени на десетици самостојни и групни изложби, над шеесет интернационални ликовни колонии и пет перформанси. Постојани колекции со негови дела се изложени во Центарот за современа уметност Подгорица, во Турција, во Музејот на Град Скопје, Градскиот музеј Крива Паланка…

Големина на фонт
Контраст