Проф. д-р Анета Стефановска е добитник на Осмооктомвриската награда за 2020 година

Добитник на  Осмооктомвриска награда на општина Крива Паланка за 2020 година е проф.д-р Анета Стефановска, кривопаланчанка по потекло, биокибернетичар, научник на универзитетот во Ланкастер, Велика Британија, докторант на универзитетите во Љубљана и Штутгарт, пионер во многу научни области.


Голема благодарност за оваа голема чест, но јас сакам да и се заблагодарам на мојата Крива Паланка за прекрасното детство, на моите родители за се што ми дале, но и да ви порачам дека патувајќи по светот воочувам дека треба колку што гледате во иднината, да се осврнуваме по често на традицијата зашто имаме огромно богатство на кое треба да сме горди, рече Стефановска.

Големина на фонт
Контраст