Положено цвеќе на спомен- бистата на паднатите борци од НОБ

Со положување цвеќе на спомен- бистата на паднатите борци од НОБ пред општинската зграда, во Крива Паланка отпочна празнувањето на празникот на градот, денот на ослободување на општината, 8 Октомври.

На овој ден во 1944 година хероите од Народноослободителната борба ги положиле животите за денешната слобода на сите граѓани на Крива Паланка.

По тој повод, цвеќе на споменикот од НОБ положија делегации од: Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот, Борјанчо Мицевски, од Советот на општината, предводена од претседателката, Изабела Павловска, од Владата на РС Македонија, предводена од вицепремиерот Љупчо Николовски, од амбасадата на Република Украина, предводена од амбасадорката Наталија Задоружњак, од советничките групи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Крива Паланка, од општина Бор, предводена од градоначалникот Александар Миликиќ. Покрај тоа, со положување цвеќе почит оддадоа и делегации на политичките партии, на МВР, на локалните јавни претпријатија, воспитно образовните институции, Сојуз на борците, здруженија на граѓани и граѓански организации.

Чествувањето на празникот на градот продолжи со Свечена академија што се одржа во НУ Центар за култура Крива Паланка, на која беа доделени највисоката општинска награда, осмооктомвриска награда, осмооктомвриските признанија и беше прогласен годинашниот почесен граѓанин на Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст