Ангажирани осум воспитно образовни асистенти за оваа учебна година

Осум воспитно образовни асистенти се ангажирани оваа учебна година за работа со ученици  со попреченост вклучени во редовниот процес на основно образование.

Општина Крива Паланка и оваа година се вклучи во Програмата за општинско корисна работа 2020 која е подржана од УНДП, АВРМ, МТСП и Општина Крива Паланка.

Во учебната 2020/2021 година преку проектот „Цело е кога има се“, а во рамки на Програмата за општинско корисна работа 2020 година, во услови на пандемија, со спазување на сите мерки и протоколи  ќе се вклучат осум воспитно образовни асистенти за осум ученици со попреченост кои се вклучени во редовниот процес на образование во основните училишта ООУ „Јоаким  Крчовски“ и ООУ „Илинден“.

Средствата за спроведување на Програмата за општинско корисна работа односно за проектот „Цело е кога има се“, се обезбедени од УНДП и од Буџетот на Општина Крива Паланка.

Партнери во проектот се основните училишта „Илинден” и „Јоаким Крчовски”.

Големина на фонт
Контраст