Крива Паланка ја одбележа Европската недела на мобилност

На 22 септември во организација на ОВР Полициска станица – Крива Паланка, во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот, Општински совет за безбедност на сообраќајот, Општина Крива Паланка и велосипедисти го одбележаа денот без автомобили, оваа година под мотото  „Иднината на одржливата мобилност е во твои раце“.

Настанот е со цел подигнување на свеста кај граѓаните дека со возење на велосипед ја заштитуваме животната средина,  квалитетот на живот е подобар со помалку бучава, помала емисијата на штетни гасови и подобро здравје.

 

Големина на фонт
Контраст