Донација на КАМ маркети за социјално ранливите семејства

КАМ ДОО како општествено одговорна компанија, денес донираше над 50 пакети производи со храна и средства за хигиена за најранливите категории граѓани од Општина Крива Паланка.

Во услови на голема криза со која се соочува државата врзана за пандемијата од корона вирусот, како општествено одговорна компанија КАМ ДОО со овој хуман гест, директно помага на оние категории граѓани кои имаат потреба од основни прехранбени производи.

Донацијата ќе се реализира и дистрибуира во соработка со стручните служби од Општина Крива Паланка и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.

Општина Крива Паланка и компанијата КАМ ДОО  ги повикуваат и другите компании да ги следат општествено одговорните чекори на бизнис-заедницата, нагласувајќи дека во оваа криза предизвикана од Ковид-19 е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности.

Големина на фонт
Контраст