Општина Крива Паланка се стекна со сертификат IASS: RES.C 2020-2022

Општина Крива Паланка се стекна со сертификат за општествена одговорност IASS: RES.C 2020-2022. Истиот е потврда на напорите кои ги прави општината во насока на транспарентно, отчетно и одговорно работење.

Сертификатот е само уште една потврда во напорите и чекорите кои ги презема Општина Крива Паланка за подобрување на ефикасноста и ефективноста во работењето, но и стимул за унапредување на постоечките процедури и постапки за работа.

По високото четврто место на национално ниво од истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за транспарентност, потврдата на Finance Think за исполнителноста на општината во реализација на ветените проекти, добивањето на сертификатот IASS: RES.C 2020-2022 за општествена одговорност е уште една потврда, но и обврска да продолжиме со уште поголем елан и професионалност во работењето.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст