Заврши поплочувањето на улица „Момир Стојановски“

Во изминатиот период Општина Kрива Паланка преку ЈП „Комуналец“ започна активности за уредување, санација и подобрување на пристапот на поголем број локации во градот.

Деновиве е завршено поплочувањето и изградбата на потпорни ѕидови на ул. Момир Стојановски во населба Илинденска. Со ова е решен долгогодишниот проблем за овој дел од населбата и од аспект на пристап, но и од аспект на атмосферска канализација која при обилни врнежи создаваше огромна штета и непогоди за месното население.

Во следниот период оперативната екипа на ЈП „Комуналец“ ќе продолжи со работа на неколку други локации во населбите Белево и Скрљава како и изградба на пристапна пешачка патека во Црквена Маала.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст