Премиерот Оливер Спасовски го означи почетокот на реконструкцијата на градскиот плоштад и парк

Градиме инфраструктура за сите, и во вонредни околности со проекти од значење на локално, регионално и национално ниво, и во оваа нова реалност и криза предизвикана од пандемијата не ги запревме капиталните инвестиции. На тој начин ја помагаме економијата во многу важен период, рече на денешната посета во Крива Паланка премерот Оливер Спасовски, кој заедно со заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, извршија увид во градежните работи за ревитализација на градскиот плоштад и парк.

Проектот „Реконструкција на градскиот плоштад и градски парк“ во Крива Паланка е со вкупна вредност од 662.000 евра, грант од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија ИПА2 и е кофинансиран од Владата на РС Македонија, администриран од Светската банка преку доверителен фонд, и со учество на општината.

-Ова е само еден дел од големиот проект „Крива Паланка источна порта на Европа (Фестивалска туристичка атракција)“, а крајниот рок на градба е 20 ноември оваа година, и тогаш граѓаните на Крива Паланка ќе добијат градски парк и плоштад каков што му доликува на еден европски град кој го носи атрибутот „Источна порта на Европа“. И овој проект на општината, во соработка со Владата и со ЕУ, говори за позитивниот и конструктивен пристап кој во својот центар на внимание ги има граѓаните. На местото на хаосот и непланските изработени проекти, кои не можеа да се реалзиираат, ние имаме спротивен пристап, градиме инфраструктура за сите, рече Спасовски.

ЕУ и Владата на РС Македонија преку овој проект финансираат одржливи инвестиции во туризмот обезбедувајќи работни места и подобрување на квалитетот на живот, обезбедуваат четиригодишна инвестициска операција за подобрување на конкурентноста и иновациите во туристичкиот сектор во РС Македонија.

-Инвестираме во иднината и самоодржливоста, во зелената инфраструктура и ги менуваме застарените дотраени објекти со нови кои овозможуваат подобри перформанси. Градиме за да ни се развиваат градовите, селата, за да ни се чисти реките што ги напојуваат нивите, за здрава и вкусна храна на домашната трпеза, и за конкурентни производи на европскиот и другите пазари, додаде Спасовски, нагласувајќи деак Владата предводена од СДСМ и оваа техничка влада во изминатите три години како приоритет ги имаат граѓаните, човечките ресурси и потенцијали на државата.

Претходно, Спасовски, Бајрактар и Шкријељ остварија средба и со градоначалникто на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

-Започнуваме еден крупен проект, над 41 милион денари, со кој комплетно ќе се сменат ликот на градот Крива Паланка. Да се раководи со општина занчи не да се гради пат кон сопствениот успех, туку да се вложиш себеси во приоритетите на граѓаните, капитални проекти и дела кои за навек ќе остават трага на локалната заедница. Во изминатите три години како локална самоуправа и Влада покажавме што значи да се стави приоритет во вложување кон подобри услови за граѓаните, со сите проекти кои се реалзиираат. Направивме многу проекти кои не се случиле 30-40 години, а најавувам уште многу проекти кои ќе се случуваат во иднина и од регион и град во кој многу години не беше инвестирано, во моментот се стремиме да бидеме ударна точка на Коридорот 8, изјави Мицевски.

 

Големина на фонт
Контраст